Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини вечерва приреди прием за првиот човек на италијанскиот фудбал, Габриеле Гравина и неговите најблиски соработници во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2024 меѓу двете репрезентации.
Сејдини имаше срдечна средба со својот добар пријател Гравина на која присуствуваа и новиот спортски менаџер на италијанската селекција, легендарниот Џанлуиџи Буфон како и новиот италијански селектор Лучијано Спалети.
Двајцата претседатели си разменија и подароци. Сејдини му подари, меѓу другото на Гравина, македонски дрес од Елиф Елмас, а претседателот на ФФМ, пак, од италијанскиот колега доби дрес од Имобиле.
На средбата, во корелација со Амбасадата на Италија во Македонија беше приредена и изложба на фотографии од најсветлите моменти на италијанскиот фудбал на настанот на Националната арена “Тодор Проески” во организација на Фудбалската федерација на Македонија.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА