Младата репрезентација на Македонија на најдобар можен начин со голема победа од 0-1 против фаворитот Шведска ги стартуваше квалификаците за ЕП 2025.
Убава еуфорија на младите избраници на Драган Канатларовски – Цапар по извонредниот триумф, со овековечена фотографија од освоениот Јончепинг. Но, веќе од утре надежите ги чека „спуштање на топката“, затоа што со враќањето во Скопје, Македонија на 12. септември од 15:30 часот на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ја очекува големата пресметка со најдобрата селекција во групата, Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА