Медведев изненадувачки го „збриша“ Алкараз за финале со Ѓоковиќ на УС Опен

Рускиот тенисер Даниил Медведев ќе игра против Новак Ѓоковиќ во финалето на УС Опен, откако во полфиналната пресметка славеше против големиот фаворит Карлос Алкараз во четири сета.

Шампионот од 2021 година победи со 7-6(3), 6-1, 3-6, 6-3, по речиси три и пол часа феноменален тенис не дозволувајќи во финалето уште една пресметка на Алкараз и Ѓоковиќ годинава.

Алкараз претходно годинава во два наврати го победи рускиот тенисер, на Вимблдон и на Индијан Велс, но овој пат не беше доволно добар противник за Медведе кој заслужено се избори за финале.

Се вчитува...