ВИДЕО: Потресен крај на играчката кариера за Датоме…, Словенија ја доби драмата за 7. место во Манила

Словенија триумфираше со 89-85 во драматичен натпревар против Италија во битката за 7. место на Светското првенство 2023.

Мечот, сепак, го одбележа италијанската легенда Луиџи Датоме за кого ова беше последен натпревар во кариерата, објавувајќи пензија.

Датоме не можеше да го сокрие емоциите уште при интонирањето на италијанската химна пред мечот…

Во финишот од средбата, пак, напуштајќи ја играта беше со овации испратен и од публиката и од соиграчите.

На крај, мечот го доби Словенија која беше подобро во текот на целиот натпревар. Лука Дончиќ со 29 поени, 10 скока и осум асистенции го предводеше својот тим до триумфот.

Се вчитува...