По заминувањето на тренерот Џихат Арслан поради семејни причини, Шкупи го ангажираше Босанецот Младен Жижовиќ како нов шеф на стручниот штаб.
42-годишнот босански стратег, како што информираат од Шкупи, е доведен да ја продолжи работа на Арслан на патот кон нови успеси на клубот.
„Мило ми е што сум дел од тимот на Шкупи, се надевам дека заедно низ соработка со сите структури на клубот ќе придонесеме да биде еден од кандидатите за шампионската титула и излез на меѓународната сцена оваа сезона. Ќе се обидеме да го задржиме она што беше добро и да ја подобриме нашата игра, се надевам дека играчите ќе ја разберат оваа ситуација и ќе дадат голем придонес во меѓусебната соработка“ – изјави Жижовиќ на промоцијата во Шкупи.
Жижовиќ, во играчката кариера, има настап за неколку босански екипи како и во ФК Тирана во Албанија. Неодамна работеше како тренер во Саудиска Арабија на клупата на Ал Холод, а претходно беше главен и со екипи како Радник од Бјелина, Зрињски и Слобода од Тузла, сите овие екипи се натпреваруваат во најсилното првенство на БиХ.
Жижиќ во стручниот штаб го донесе со себе и познатото име на хрватскиот фудбал, Перо Пејиќ, кој голем дел од кариерата одигра во хрватскиот шампионат, во Австрија, Иран, Саудиска Арабија и Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

