Македонија ЃП сигурно ќе има големо засилување во продолжението на есенското првенство во Првата лига, по договорот со едногодишна соработка со поранешниот репрезентативец Самир Фазли кој се врати од Казахстан каде една година играше за екипата на Туран.
Практично, Фазли го продолжи договорот бидејќи пред да замине за Казахстан го носеше дресот на екипата од Ѓорче Петров.
„По враќањето од Казахстан, имав неколку понуди од прволигашите во Македонија, но се вратив во клубот кој е мојата прва фудбалска љубов. И мислам дека не згрешив. Македонија ЃП има добар тим, верувам дека и идната година ќе играме во еден од европските купови“ – ни изјави Самир Фазли по договорот за продолжување на соработката со челните луѓе од клубот.
Самир Фaзли, кој своите први фудбалски чекори ги има направено токму во Македонија ЃП, има зад себе богата интернационална кариера со настапи за Херевен од Холандија, Вил во Швајцарија, Рудеш – Хрватска, а го носеше и дресот на Шкендија. За А репрезентацијата на Македнија има одиграно седум натпревари, дебитираше против Азербејџан.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

