Англичаните со прв кикс: Само реми со Украина во Вроцлав (ВИДЕО)

Репрезентацијата на „Гордиот Албион“ со прв кикс во Групата Ц од квалификациите за ЕП 2024. Англичаните, во петтиот свој меч во квалификациите, ремизираа (1-1) на гостувањето против Украина во меч во кој се беше решено уште во првото полувреме.

На дуелот кој, поради војната со Русија, се играше на неутрален терен во полски Вроцлав, Украина прва дојде до предност од 1-0 со голот на Зинченко во 26. минута.

Но, Кајли Вокер во 41. минута постигна погодок, на асистенција на Хари Кејн, за 1-1.

Во второто полувреме Англичаните беа поблиску до триумфот, Сака во 59. минута ја погоди и гредата од голот на Украинците, но не успеаја да дојдат до гол за три бода.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...