Македонската репрезентација и тоа како има магија која не е загубена… Веројатно истата онаа од Палермо која се активира кога е најнеопходно.
Македонската репрезентација покажа дека може да се воздигне и тогаш кога е психолошки најтешко, по два тешки, секој на свој начин, порази. За да покаже дека живее само тогаш кога ‘тимот е поважен од индивидуалецот’. Тоа дефинитивно е клучната порака која вечерва од арената „Тодор Проески“ ја испратија момците на Боби Милевски.
„Ова е наш нов лист, со нови мисли, со нова енергија и единствено само како тим. Мора да бидеме тим ако сакаме да успееме“ – е пораката која ја истакнаа и Барди, и Елмас, и Ашковски и Димитриевски по денешниото реми со европскиот шампион.
Свесни дека ова е само еден мал сегмент од тоа што може вистински да го понудат во иднина. Без еуфорија, затоа што позитивната приказна мора да продолжи… А, веќе за три дена следи Малта…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА