Лутфи Билали е нов фудбалер на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија Вардар. 31 годишниот напаѓач во домашниот шампионат има настапувано во екипите на Силекс, Металург, Пелистер, Ренова, Гостивар и Беса.
Интернационално искуство има од екипите на Интерблок и Цеље (Словенија), Конкордиа (Швајцарија), Егиниакос (Грција), Хака (Финска), Бардејов (Словачка).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

