Фудбалската репрезентација на Македонија повторно остана непоразена против Италија откако синоќа на домашен терен ремизираше 1-1.
Еден од најдобрите фудбалери на „аѕурите“, Сандро Тонали по мечот изјави дека не очекувале ваков натпревар и дека Македонија има право да го слави позитивниот резултат.
„Ова не е тоа што се надевавме, не е резултатот кој сакавме да го однесеме дома. Разочарувањето е природно, исто како што Македонија има право да го слави нивниот резултат. Тоа е фудбал, секој меч е тежок на интернационално ниво. Мора да се вратиме во колосек бидејќи за неколку дена имаме друг важен меч. Треба повторно да бидеме Италија. Го контролиравме натпреварот добро имавме бројни шанси, но потоа не можевме да се справиме со нивната реакција во последните 15 минути. Штета, им дозволивме само неколку шанси, но тоа беше доволно за да дојдат до реми“, изјави Тонали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА