Легендарниот Ариго Саки: Италија повторно ја направи Македонија голема!

Фудбалската репрезентација на Македонија повторно остана непоразена против Италија откако синоќа на домашен терен ремизираше 1-1.

Легендарниот италијански тренер Ариго Саки вели дека ова реми не е грешка на Спалети, но дека неговата репрезентација повторно успеа да ја направи Македонија голема.

„Спалети не е виновен за ова реми. Но, реалноста е дека Италија, уште еднаш, успеа да ја направи Македонија голема. Ова не е прифатливо. Лучано е одличен тренер, но не е волшебник. Не можете да барате чуда од него. Очигледно дека тимот не е на висина на задачата. Но, тој веројатно уште не ги познава доволно сите играчи. Ќе биде потребно да избере стабилни играчи да создаде колектив како што направи во Наполи“, вели Саки.

Се вчитува...