Фудбалската федерација на Македонија изрази голема благодарност на сите 28.000 навивачи кои синоќа беа на арената „Тодор Проески“ во Скопје и и дадоа голема поддршка на репрезентацијата во дуелот со Италија.
Македонија повторно остана непоразена против актуелниот европски шампион откако ремизираше 1-1, а голот за „црвено-жолтите“ го постигна Енис Барди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА