Денис Шрудер е МВП на Мундобаскетот

Кошаркарската репрезентација на Германија е нов светски шампион откако во финалето на Мундобаскетот во Филипини, Јапонија и Индонезија славеше над Србија со 83-77. Германците со осум победи и ниту еден пораз и повеќе од заслужено стигнаа до својата прва титула на Светските првенства.

Најдобар поединец во таборот на Германците и на овој меч беше Денис Шрудер со 28 поени, па сосема заслужено стигна до признанието за најкорисен кошаркар на Мундобаскетот.

Се вчитува...