Богдановиќ: Никој не веруваше во нас, горд сум на овие момци

Кошаркарската репрезентација на Германија е нов светски шампион откако во финалето на Мундобаскетот во Филипини, Јапонија и Индонезија славеше над Србија со 83-77.

Капитенот на Србија Богдан Богдановиќ кој во финалето играше болен, по мечот изјави дека е горд на овие момци во кои никој не верувал.

„Кога почна мундобаскетот никој не веруваше на нас. Можам да кажам дека сум пресреќен и прегорд на овие момци со кои поминав многу време. Вложивме многу време и многу од нас. Тоа е кошарката една топка ќе влезе друга не, можевме малку подобро и во одбрана. Германија ја гради оваа екипа долги години и докажаа дека во моментов се најдобри“, изјави Богдановиќ. 

Се вчитува...