Кошаркарската репрезентација на Германија е нов светски шампион откако во финалето на Мундобаскетот во Филипини, Јапонија и Индонезија славеше над Србија со 83-77.
Алекса Аврамовиќ со 21 поен беше прво име во таборот на Србија, а по мечот во негов стил емотивно и се обрати на целата јавност…
„Мора да бидеме горди и со кренати глави. Игравме против одлични играчи кои долго време се заедно. Ние го градиме овој тим од минатата година. Иако бевме аутсајдери направивме голем резултат и можам да кажам дека сум горд што ја претставував Србија. Сите можеме со кренати глави да се вратиме во Србија каде ќе бидем дочекани на убав начин бидејќи ги израдувавме сите и покажавме како се бори за Србија. Емотивно пукнав на крајот кога го видов брат ми кој 36 часа патуваше само за да ме гледа денеска“, изјави Аврамовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

