ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Шкупи и Македонија ЃП одиграа без голови

Прволигашите Шкупи и Македонија Ѓорче Петров ја искористија интернационалната пауза како дополнително би се подготвиле за продолжението на сезоната.

Двата прволигаши одиграа натпревар без голови 0-0, а своето деби на клупата на чаирчани ја имаше новиот шеф на стручниот штаб Младен Жижовиќ.

Тиквеш славеше со 0-2 на гостувањето кај Детонит Плачковиц, а двата гола беа дело на Ибиши. Со истиот резултат Гостивар беше подобар од Башкими.

Се вчитува...