Белгија ја испоти Полска, но немаше сила за изненадување

Одбојкарската репрезентација на Полска е последниот четвртфиналист на Европското првенство откако во осминафиналето славеше над Белгија со 3-1, по сетови 25-16, 25-17, 23-25 и 25-22.

Полјаците кои на одличен начин ја завршија групата во Скопје, oдлично отворија и во првите два сета во Бари кои ги добија без проблеми. Сепак, следеше неочекуван пад на избраниците на Никола Грбиќ кои изненадувачки го изгубија третиот сет со 23-25 и со тоа донесе возбуда во мечот. Белгија пружи силен отпор и во четвртиот сет, но серијата добри сервиси на Качмарек во финишот беше доволна за негово освојување 25-22.

Во четвртфиналето Полска ќе се сретне со репрезентацијата на Србија која со 3-0 беше подобра од Чешка.

Се вчитува...