„Случајот Рубијалес“ создаде огромен скандал во шпанскиот фудбал. Многумина беа револтирани од чинот на претседателот на Шпанската фудбалска асоцијација, Луис Рубиалес, кој ја бакна во уста шпанската репрезентативка Џени Хермосо на прогласувањето на победникот на Светското првенство за жени. Рубиалес веќе е привремено казнет од сите фудбалски активности од страна на ФИФА во првите 90 дена додека го истражува неговиот инцидент во финалето.
За време на гостувањето кај Пирс Морган, тој реши јавно да се повлече од функцијата претседател на Шпанската фудбалска федерација по скандалот:
„Што се однесува до мојата оставка, да, ќе ја направам. Ќе го сторам тоа затоа што не можам да продолжам со работата. Разговарав со татко ми, ќерките, моите блиски пријатели. Ми рекоа „сега треба да се фокусираш на своето достоинство, да го продолжиш животот во спротивно ќе ги повредиш луѓето што ги сакаш, спортот што го сакаш и она што долго време го градиме“. Морав многу да издржам овие неколку недели, но не се работи само за мене“, изјави Рубиалес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

