Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ рекодната 24. грен-слем титула освоена на УС Опен ја одбележа во чест на прерано почитаниот американски кошаркар Коби Брајант кој трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа.
Најдобриот тенисер на сите времиња во Њујорк облече посебна маица на која на предниот дел стоеше фотографија од него и неговиот голем пријател со натпис „Мамба засекогаш“, а на задната страна бројот „24“ што наиде на голема пофалба од страна на светските медиуми.
А, за победата на Србинот се огласи и сопругата на Коби Брајант, Ванеса која на социјалните мрежи објави видео и фотографии од Ѓоковиќ со наслов „Честитки Новак, тој е тој мамба менталитет. Вистинскиот го препознава вистинското“, честитајќи му за големиот успех.
via vanessa bryant’s instagram. so cute 💛💜 pic.twitter.com/Ud73mlBgUY
— 24 (@d1okovic) September 11, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

