Само еден ден откако беше официјално промовиран како нов тренер на Шкупи, голема трагедија во семејството на Младен Жижовиќ.
Од клубот информираат дека вчера во тешка сообраќајна несреќа животот го загубил таткото на Жижовиќ.
„Со жалење вчера ја примивме веста за заминувањето на таткото на нашиот тренер, Младен Жижовиќ, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Раководството на клубот, стручниот штаб и целиот тим изразуваат длабоко и искрено сочувство до тренерот и семејството на Жижовиќ“ – се вели во соопштението од Шкупи.
Според информациите, Жижовиќ сега повторно се враќа во БиХ, по што дополнително ќе се приклучи на подготовките на тимот пред продолжението на првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

