Спалети веднаш со проблеми: Верати и по вторпат го „откачил“ за настап во репрезентацијата

Лучијано Спалети очигледно со проблеми во континуитет ја стартуваше својата одисеја на клупата на италијанската репрезентација. По незадоволувачкото за него реми во Скопје, сега на површина се појавуваат несогласувања со одредени фудбалери.

Француски „Л’Екип“ пренесува дека Спалети имал непријатни разговори со Марко Верати кој пред три недели одбил да се јави на повикот за септемврискиот квалификациски собир.

Верати тогаш не ја прифатил поканата на селекторот за мечот со Македонија, а сега наводно, откако Спалети поради повреди остана уште без двајца повикани репрезентативци, испратил повик до Верати за дуелот со Украина кој се игра утре во Милано. Но, Спалети и по вторпат бил откачен со што Верати дефинитивно за долг рок си ги затвори вратите во националниот тим.

Верати во моментов е без ангажман бидејќи е на излезна врата од ПСЖ, а досега не успеа да најде нов клуб иако има понуди од Саудиска Арабија.

Се вчитува...