Работнички со нов Американец го затвори „ростерот“: Трајс е новиот плејмејкер за атак на титулата

Работнички со потписот на нов американски плејмејкер и дефинитивно го заокружи ростерот за наредната натпреварувачка сезона, откако беше потпишан договор со Дмитрик Трајс.

Станува збор за 27-годишен американски плејмејекр со искуство од настапите во Европа. Трајс по успешните игри за Универзитетот Висконсин најпрвин настапуваше во првата француска лига, потоа во полскиот прволигаш Сласк, по што се пресели во редовите на унгарскиот тим ЗТЕ, каде беше еден од најдобри кошаркари во тимот.

Со потписот на Трајс дефинитивно е заокружен и ростерот на „центарци“, кои на плејмејкерската позиција ги имаат уште и Стајиќ и Шошкиќ, но нема сомнеж дека новиот Американец ќе биде прва виолина кога станува збор за организацијата на нападите под водство на тренерот Мираковски.

„Центарци“ од странците во тимот ќе ги имаат уште и Рикиќ, Џелетовиќ и Американецот Декоси. Останува да се види каква ќе биде разврската со Никола Малешевиќ, српскиот крилен кошаркар кој е под договор и за наредната сезона, но во тек се разговори да дојде до прекин на соработката и тој да си замине од редовите на Работнички.

Во секој случај, Работнички со ангажираните засилувања летово јасно ја истакна кандидатурата за шампионски трофеј, која се чини годинава ќе биде далеку понеизвесна отколку во претходните сезони.

Се вчитува...