Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ денеска одржа кратка средба со Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ во пресрет на пленарниот состанок на лидерите учеснички на процесот брдо Бриони.
Нашиот најдобар кошаркар кој дел од својата богата кариера ја мина во Белград каде два пати беше дел од Црвена Звезда на Претседателот Вучиќ му подари патики декорирани со државни обележја на Србија.
Притоа Антиќ му го честита освоениот сребрен медал на Светското машко првенство и упати искрени желби за успешен настап и на Олимписките игри кои ќе се одржат во Париз во 2024 година, информираат од кошаркарската федерација.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА