Американците се налутија – на ЛОИ во Париз праќаат „дрим-тим“

Вториот неуспех по ред на Светските првенства ги примора најдобарите американски кошаркари одново да го облечат репрезентативниот дрес, пренесуваат американски медиуми. Па така на Летните олимписки игри во Париз 2024 година на паркетот ќе настапат вистинските ѕвезди од НБА лигата.

Истите ќе бидат предводени од легендарниот Леброн Џејмс, а во тимот се очекуваат и Кевин Дурент, Ентони Дејвис, Стеф Кари, Џејсон Тејтум, Дрејмонд Грин…

Се вчитува...