Хрватскиот репрезентативец од редовите на Манчестер Сити, Матео Ковачиќ нема да му биде на располагање на Пеп Гвардиола најмалку десет дена поради повреда на задната ложа, пренесуваат хрватските медиуми.
Ковачиќ не настапи против Летонија во квалификациите за Европското првенство 2024 година, а и покрај тоа што постоеше можност да се најде на теренот за денешниот натпревар против Ерменија по деталните прегледи се утврди дека станува збор за посериозна повреда.
Тоа значи дека Хрватот нема да биде дел од Манчестер Сити во следниот натпревар во Премиерлигата во кој „граѓаните“ ќе се сретнат со Вест Хем Јунајтед, а нема да биде дел ни од тимот за првиот натпревар во Лигата на Шампионите против Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

