Кошаркар на Хјустон уапсен поради физички напад кон својата девојка

Кошаркарот на Хјустон Рокетс Кевин Портер Јуниор е приведен од страна на полицијата во Њујорк поради физички напад кон својата девојка, кошаркарката Кајсри Гондрезик во раните утрински часови во хотел при центарот на градот, пренесуваат американските медиуми.

Портер претходната сезона потпиша четиригодишен договор со НБА франшизата вреден 82.5 милиони долари, но само 15.9 милиони долари му се гарантирани за престојната сезона поради претходни проблеми со полицијата. Како потсетување тој беше уапсен и во 2020 година поради сомнение за можно самоубиство.

Се вчитува...