Задачата на Еурофарм Пелистер на дебито во Лигата на Шампионите, утрешниот дуел со Колстад во Битола, стана значително потешка откако беше обелоденето дека Сандер Сагосен е „Фит“ за настап на отворањето на новата европска сезона.
Сагосен беше главно летно засилување на Колстад, но поради незгодна повреда ги пропушти последните неколку средби на својот тим. Сепак, последните информации од Норвешка говорат дека екс-ракометарот на Кил е максимално подготвен за мечот против македноскиот шампион.
„Сандер доби зелено светло и ќе игра против Еурофарм Пелистер. Тој тренираше одлично во четвртокот, потоа работеше со остатокот од тимот во текот на викендот… Сагосен е подготвен, ќе патува со нас во Македонија и ќе игра во Битола“, објавија од стручниот штаб на Колстад за норвешките медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА