Ждрепка за Првата лига: МЗТ тргнува од Гевгелија, Работнички со скопска пресметка

Со денешната ждрепка одржана во просториите на КФСМ и официјално беше утврден распоредот на натпревари за сезоната 2023/24 од кошаркарскиот шампионат на Македонија што ќе стартува на 29/30 септември.

МЗТ Скопје ја има улогата на бранител на трофејот, а аеродромци новата сезона ќе ја стартуваат со гостување во Гевгелија против Кожув, тим предводен од селекторот Алек Јончевски.

Вицепрвакот Пелистер во првото коло ќе му гостува на Гостивар, тим со значително променет ростер во пресрет на новата сезона, додека Работнички како еден од кандидатите за највисок пласман во првата рунда ќе го очекува скопска пресметка со ТФТ. Во вториот скопски дуел од првото коло силите ќе ги одмерат Чаир и Феникс, тимот на Академија ФМП ќе го пречека Еуро Никел, а ждрепката сакаше во првото коло да се сретнат двата нови прволигаши, Вардар и Охрид.

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО

Гостивар – Пелистер

Академија ФМП – Еуро Никел 2005

Чаир 2030 – Феникс 2010

Кожув – МЗТ Скопје Аеродром

Работнички – ТФТ

Вардар – Охрид

Се вчитува...