Арон Роџерс цела своја блескава кариера ја мина во Грин Беј пред летово да ги смени клупските бои и да го облече дресот на Њујорк Џетс. Тој требаше да биде сериозен адут на џетси за влез во плејофот, а потоа и атак на висок пласман, но најзвучниот трансфер се претвори во кошмар по само едно коло во НФЛ-лигата, по страшната повреда што ја заработи одличниот квотербек.
Роџерс настрада при првата акција на својот тим на дуелот со Бафало, останувајќи да лежи на теренот по стартот на еден противнички дефанзивец. Веднаш стана јасно дека повредата не е нималку наивна, а попладнево беше потврдено најцрното сценарио за тимот од Њујорк – Роџерс ја скина тетивата и го очекува пауза од околу девет месеци од терените.
Ова практично значи дека сезоната предвреме заврши за еден од најдобрите квотербекови во лигата, воедно и надежите за успешна сезона на џетси сега се сведени на теорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

