Престојниов викенд Скопје ќе биде домаќен на исклучително силен Меѓународен турнир „Илинден Куп 2023“ кој за првпат од ваков ранг се организира во Македонија.
Турнирот ќе се одржи од 15. до 17. септември во организација на фудбалската школа „Грозданоски“ а со учество на екипи за деца на возраст од 8 до 12, родени од 2012 до 2016 година. Пријавени се вкупно 115 екипи од четири земји, Србија, Белгија, Романија и секако Македонија.
Белгиски Андерлехт, белградски Партизан, како и новосадска Војводина, Раднички Ниш, но и Динамо Букурешт и уште неколку екипи од Романија се најзвучните имиња кои носат силен квалитет на турнирот уште во првата година од неговото опстојување.

„Ова прв турнир од ваков тип, кој искрено се надеваме дека во иднина ќе прерасне во традиционален со дополнителен свој развој низ секоја година одржување“ – велат организаторите на турнирот, од фудбалската школа „Грозданоски“, сопственост на едно од најистакнатите македонски фудбалски имиња Влатко Грозданоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

