Одлични вести: Симаниќ ќе може да продолжи да се занимава со кошарка

Хирургот Драган Радовановиќ денеска за српската информативна агенција „Танјуг“ изјави дека кошаркарот Бориша Симаниќ има големи шанси да продолжи да се занимава со спорт, само му треба време да му зараснат раните од операцијата за да има зголемена физичка активност.

Како што појасни, преземени се сите неопходни мерки за следење на сите важни параметри кои се важни за следење при летот на тие големи височини и промени на парцијалниот притисок и кислородот во вакви ситуации и додаде дека закрепнувањето оди добро, што е уште поважен.

Радовановиќ вели дека Симаниќ моментално е во болница од превентивни причини за да ги преземе сите параметри кои се неопходни за да се процени активноста и функцијата на бубрезите, но посочи дека штом Симаниќ можел да издржи толку долго патување, сигурно е дека значително се опоравил .

„Има многу примери каде спортистите успешно спортувале само со еден бубрег, без разлика дали се родени со еден бубрег или имале трансплантација на бубрег, како во случајот со кошаркарот Алонзо Морнинг“, истакна Радовановиќ. 

Се вчитува...