Србија пружи отпор, но Полска е полуфиналист на ЕП

Одбојкарската репрезентација на Полска е третиот полуфиналист на Европското првенство откако вечерва во четвртфиналето славеше над Србија со 3-1 (26-28, 25-15, 36-34 и 25-17).

Првиот сет ни донесе вистински трилер во кој на крајот одлучија двете грешки во низа на Леон по што Србија стигна до негово освојување од 26-28 и водство од 0-1.

Полска конечно во вториот сет се разбуди од подзаспаноста и во неверојатен ритам успеа без никакви проблеми да слави со 25-15 за израмнување од 1-1.

Како и во првиот сет така и во третиот двете репрезентации одиграа една атомска одбојка во која овојпат Полјаците беа подобри со 36-34 за водство од 2-1. Во последниот сет Полска само рутински ја заврши работата (25-17) за конечни 3-1.

Во полуфиналети Полјаците ќе играат против Словенија.

Се вчитува...