Србија ги пречека своите херои: Кошаркарите во друштво на Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Белград и Србија ги пречекаа кошаркарите кои на Светското првенство во Филипини, Јапонија и Индонезија го освоија сребрениот медал.

Иако денеска беше организиран само пречек за сребрените кошаркари, во Белград се случи изненадување откако на пречекот се појави и Новак Ѓоковиќ кој на УС опен ја освои својата 24. рекордна гранд-слем титула.

Најдобриот тенисер не успеа да ги задржи емоциите и се расплака…

 

Се вчитува...