ЕКИПА во Малта
Горан Бошев
Елиф Елмас и Јован Манев постигнаа голови и донесоа радост на Македонија. Втора во квалификациите, и втора против Малта. Со слично сценарио како и во Скопје, два гола, а потоа и иницијатива и притисок на Малта, која не успеа да дојде до првите бодови, и веројатно остана без шанси да ја поправи „нулата“. А, Македонија после ремито со Италија одигра уште еден натпревар во кој покажа карактер, желба за победа и единство. Со мали исклучоци, особено во вториот дел кога владееше паника во одбраната поради офанзивната игра на Малта и нивната желба да го избегнат поразот, Македонија одигра еден просечен натпревар. Можеби без доминација, но се чини дека ја имаше контролата на резултатот, а имаше шанси да дојде и до поубедлив триумф.
Следуваа минути на Малта. Дали тоа беше тактика на Милевски или не, сепак, тие ја имаа повеќе топката, и неколку нафрлени топки пред голот на Шишковски. Меѓутоа одбраната сето тоа добро го чистеше и не дозволи некоја посериозна шанса.
Потоа следуваше одново иницијатива на Македонија, која донесе и предност од 0-2 за нашата селекција. Барди од слободен удар премногу откосо од лево шутираше во главата на Нвоко кој расчисти во корнер.
Барди го изведе корнерот одлично, а Манев со глава „хируршки“ прецизно во десниот долен агол од голот на Бонело за предност на македонската репрезентација од 0-2 во 41. минута. Барди имаше прилика и за трет гол, меѓутоа голманот на Малта спасуваше во самата гол линија, откако Барди ја упати топката под живиот ѕид на противникот.
Во вториот дел селекторот на Малта уфрли два офанзивни играчи, со цел да оди на поправање на впечатокот, и после почетните минути иницијатива, сепак, добра шанса имаше Барди од левата страна шутираше, но топката оди само крај голот. Малта ја имаше почетната иницијатива, меѓутоа тоа носеше ризик затоа што противнападите беа главно оружје на Македонија.
Алиоски во 68. минута пропушти и дефинитивно да ја обезбеди победата, но немаше и среќа, ја погоди само стативата од голот на Малта, ама за ова придонес имаше и голманот Бонело кој ја закачи со врвот на прстите.
Малта продолжи да напаѓа по голот на Македонија, центаршутевите беа нивното главно „оружје“ за закана кон Шишковски, а по една жестока интервенција во 76 минута се повреди Ѓоко Зајков кој три минути лежеше на теренот, и потоа мораше да биде заменет. На повреда се пожали и Шишковски, но тој остана на голот.
И во миговите кога продолжи натпреварот после големиот прекин, Миовски имаше шанса во 80. минута за гол, меѓутоа голманот Бонело успеа да интервенира и да спаси трет гол. Малтежаните во финишот повеќе немаа сили да дадат барем почесен гол, па останаа со празни раце и на вториот меч со Македонија која до крај успеа да го сочува водството и да слави на Малта.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП, ГРУПА Ц
ИТАЛИЈА – УКРАИНА 2-1
МАЛТА – МАКЕДОНИЈА 1-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА