ЕКИПА во Малта
Горан Бошев
Македонија пред крајот на натпреварот со Малта остана без Ѓоко Зајков. Играчот кој „гинеше“ во одбраната, при еден судир со противнички играч падна на тревата, и после триминутен прекин го напушти теренот. Веднаш беше заменет, а на стоперот на македонската селекција продолжи да му се укажува помош.
Зајков на носилки беше изнесен од стадионот „Та Али“, а дополнително ќе се знае неговата состојба.
Веројатно станува збор за удар во главата кој го заработи дефанзивецот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА