Милевски: И натаму сме во игра за ЕП во најтешката група во историјата

ЕКИПА во Малта
Горан Бошев

Македонија ја совлада Малта во квалификацискиот натпревар одигран на гостински терен, и дојде до вториот триумф во групата за пласман на ЕП 2024 година.

Благоја Милевски после мечот го истакна своето задоволство од постигнатата победа и од резултатот на гостувањето во Малта.

„Честитки за нашите фудбалери, но честитки и до Малта што уште еднаш покажа дека се добро организиран тим што покажа во овие цели квалификации. Имавме уште неколку шанси за гол, за мене најважен е пристапот и секако победата. Ја добивме најтешката група во историјата, и натаму сме активни, се уште сме живи, ќе видиме што ќе ни донесе ова после Малта.

Милевски кажа дека и натаму сме далеку од светските селекции, но дека се работи Македонија да биде уште подобра.

„Да бидам искрен и натаму сме далеку да бидеме рамо до рамо со големите репрезентации, но работиме да одиме кон тоа. Имавме исцрпувачки натпревар со Италија, да не го споменувам теренот на кој момците вложија надчовечки напори и денеска за да бидат во функција на тимот. Малта е повеќе од сериозен противник“, изјави Милевски.

Селекторот на националниот тим на Македонија кажа и дека проблемот на Македонија биле противничките голови од транзиција, но дека се оди кон подобро.

„При тие транзиции на противникот, иако на тој план сме напреднати, и 70-80% од головите во квалификациите кои ги примивме ги примивме од транизција во противник, но одиме кон подобро и во тој сегмент“, вели Милевски.

Се вчитува...