Зајков на снимање во болница (ФОТО)

Ѓоко Зајков се повреди на дуелот со Малта, и го напушти теренот на носилки. Најпрво побара замена, потоа играчите покажуваа дека се  е во ред, на крајот да биде изнесен на носилки.

Селекторот Милевски по мечот кажа дека Зајков ќе прави магнетна резонанца, по која ќе се знае што е со неговата повреда.

„Веќе е на пат да си направи магнет, и се надевам и посакувам дека не е ништо сериозно“, рече селекторот Милевски.

Се вчитува...