Репрезентациите од Јужна Америка продолжуваат со квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Репрезентацијата на Бразил стигна до вториот триумф во актуелната кампања откако синоќа минимално беше подобар од Перу со 0-1. Клучниот момент во натпреварот се случи во 90. минута кога Маркињос на асистенција на Нејмар донесе три бода.
Еквадор приреди изненадување откако на домашен терен славеше над Уругвај со 2-1. Гостите поведоа преку Канобио во 38. минута со 0-1. До крајот на првиот дел беше 1-1 откако Торес стрелаше во судиското надополнување. Конечните 2-1 беа дело на истиот фудбалер во 61. минута.
Во останатите мечеви: Боливија – Аргентина 0-3, Венецуела – Парагвај 1-0 и Чиле – Колумбија 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

