Фернандо Сантош засега ќе остане селектор на репрезентацијата на Полска, но претседателот на Фудбалската федерација на оваа земја Чезари Кулеш, се уште нема донесено одлука за неговата иднина како селектор на Полска.
Португалскиот стратег на почетокот на годината ја презеде репрезентацијата на Полска, но неговиот тим е само на четвртото место на табелата од групата Е од квалификациите за ЕП 2024 година.
Полска на пет меча освои само шест бода, а португалскиот селектор е цел на критики. Следниот натпревар Полска во квалификациите за ЕП 2024 го игра на 12 октомври против Фарските Острови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

