„Мојата сопруга е од Србија… Освен во НБА би играл само во Партизан“

НБА кошаркарот Теренс Рос изјави дека Партизан би бил единствениот клуб надвор од НБА за кој би можел да игра.

Кошаркарот на Феникс Санс со недели беше поврзуван со црно-белите, но не е постигнат напредок по тоа прашање.

Поранешниот освојувач на натпреварот во забивање на „ол-стар“ викендот, откри дека Партизан и Србија му биле единствените опции надвор од НБА.

„Мојата сопруга и нејзиното семејство се од Србија. Иако многу од нив се преселиле низ светот, сите се од поранешна Југославија. Имам многу пријатели и семејство таму, мојата сопруга често ги носи своите деца во Србија. Ако се укаже можност да се вратам во Србија со моето семејство и да живеам таму одреден временски период, тоа е нешто за што дефинитивно би размислувал, бидејќи има огромна сентиментална важност за мен. Тоа е единствената опција надвор од НБА“, рече Рос.

Рос беше осми пик на драфтот во 2012 година, избран од Торонто Репторс, а потоа играше за Орландо Меџик и Феникс Санс.

Се вчитува...