Српскиот кошаркар Бориша Симаниќ за првпат проговори по сите случувања на Светското првенство во Манила.
Симаниќ беше удрен во дуел со кошаркарoт Нуни Омот од Јужен Судан, а по компликации имаше две операции, а по последната интервенција му беше изваден бубрегот.
„Навистина сум одлично. На почетокот ми беше навистина непријатно. Од ден на ден е се подобро. Почнав да пешачам и да јадам, па се надевам на брзо закрепнување и што побрзо враќање на кошарката. Првите пет дена не знаев за себе, првиот момент кога се свестив и добив мобилен телефон им испратив порака на соиграчите која многу им значеше. Ми значеа и мене нивните зборови поддршка“, изјави Симаниќ за Српската радио телевизија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

