Јунајтед има нов спонзор: Најбогат договор во историјата на фудбалот

Манчестер Јунајтед соопшти дека договорил повеќегодишна соработка со нов спонзор. Од следната сезона новиот спонзор ќе плаќа рекордни 70 милиони евра по сезона за рекламирање на дресот.

Јунајтед од следната сезона на своите дресови ќе го носи логото „Snapdragon“, кое ќе го замени сегашниот „TeamViewer“. „Snapdragon“ е мобилен процесор од „Qualcomm“, кој ги напојува повеќето андроид телефони.

Јунајтед веќе извесно време соработува со американската компанија, а новиот договор е најбогат во историјата на фудбалот кога станува збор за спонзор на дрес.

„TeamViewer“ го откажа договорот со Јунајтед откако акционерите заклучија дека тоа е „голема грешка“.

Се вчитува...