Шкотите немаа шут кон гол против Англија па во игра влезе Мегваер – Јавноста се нафрли со навреди, а Саутгејт го брани (ВИДЕО)

Англија ја победи Шкотска со 3-1 на пријателскиот натпревар пред околу 50.000 гледачи на „Хампден парк“ во Глазгов.

Стрелци за Англичаните беа Фил Фоден во 32. минута, Џад Белингам во 35. и Хари Кејн во 81. минута, но повторно во центарот на вниманието беше Хари Мегваер кој во 67. минута си постигна автогол, како единствен гол на Шкотите, и тоа откако во игра влезе на полувремето, само 22 минути претходно.

При водство на Англија од 0-2, во игра влезе Мегваер и со автогол ги врати во игра Шкотите, кои до тогаш немаа ниту еден шут кон голот на Англичаните.

Сето тоа очекувано наиде на потсмев и на „бомбардирања“ кон Мегваер од страна на англиската јавност која и онака секогаш го држи „на нож“. Па во негова одбрана застана селекторот Герет Саутгејт.

Прилично нервозен поради таквите напади кон Мегваер, Саутгејт смета дека виновни за неговото ниско ниво на самодоверба се и англиските медиуми и новинари.

„Хари беше одличен на натпреврот кој се одигра изминатиов викенд, а ваквата реакција која ја видовме на стадионот е производ на идиоти кои доаѓаат од наша страна, тие се виновни што се создаде ваква некаква критичка средина за Хари. Не можам да разберам како ние си креираме сами проблеми за наш играч од првиот тим. Некои вести кои беа напишани и некои коментари кои беа дадени беа засрамувачки“ – вели Саутгејт.

Се вчитува...