Јани Атанасов: Покажавме дека сме силни под притисок

Уште две квалитетни партии на Јани Атанасов во средниот ред на националниот тим, веќе сериозно наметнувајќи се како неизбежна алка на средината од теренот.

Атанасов, по синоќешната победа од 0-2 на гостувањето против Малта, не го криеше задоволството од победата нагласувајќи дека овој тим секогаш игра добро кога е под притисок.

„Дадовме се од себе, сите заедно како екипа компактно, за да дојдеме до посакуваната победа. Покажавме дека кога сме под притисок сме навистина силни, и дека знаеме да се носиме со притисокот против било кој противник. Кога се игра за Македонија јасно е дека секогаш мора да се даде максимумот“ – вели Атанасов, и дополнува:

Пресуди тоа што бевме компактни и што се исполнија задачите на селекторот посебно во првото полувреме кога бевме ефективни и во завршницата. Имавме шанси и за поубедлива победа, но на крај заслужени три бода“.

Се вчитува...