Легендарниот чилеански фудбалер Артуро Видал, е на добар пат да ја заврши богатата кариера по тешката повреда на коленото која ја заработи на вчерашниот репрезентативен настап во дуелот против Колумбија во квалификациите за Светското првенство.
Видал се повреди на загревање, но се реши да го игра натпреварот, меѓутоа не можеше да издржи и во 72. минута низ солзи го напушти теренот. Се претпоставува дека Видал заработил оштетување на менискусот и кинење на лигаментите, со што кариерата му е доведена во прашање.
Видал има 36 години, а во својата кариера играше во големи клубови како Јувентус, Баерн Минхен, Барселона, Интер, а беше дел и од Коло Коло, Баер Леверкузен, Фламенго и Атлетико Паранензе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА