Баерн не се шегува: Донесе засилување од НБА

Уште еден сензационален трансфер во кошаркарска Европа, после оној на Кемб Вокер кој се пресели во Монако. Екипата на Баерн Минхен успеа да донесе засилување, кое последните 14 години беше дел од НБА, и шампион на најсилната лига во Светот.

Станува збор за Серж Ибака, кој се обидува да ја „рестартира“ кариерата после неколкуте години проблеми со повредите.

Договорот со германскиот тим е на една година, а Пабло Ласо во своите редови добива звучно име за следната сезона во Евролигата.

Ибака во НБА играше во Оклахома, Орландо, Торонто, ЛА Клиперс, Милвоки. Стана првак со Торонто, а беше и европски првак на ЕП во 2011 година во Литванија, кога Шпанија во полуфиналето ја елиминираше Македонија.

Се вчитува...