Италијанските медиуми пишуваат дека Александар Трајковски ќе биде нов играч на Хајдук. И покрај интересот од Динамо, сепак, Трајковски ќе го одбере тимот од Сплит.
Трајковски е слободен агент откако му истече договорот со Ал-Фајха. Македонскиот репрезентативец има искуство со играње во хрватското првенство, откако во минатото беше дел од Интер Запрешиќ.
Трајковски во минатото беше дел од Палермо, Зулте Варегем, а играше и во Мајорка и Алборг. За македонскиот национален тим одигра 84 натпревари. Тој не доби шанса да игра на последните два меча со Италија и со Малта. Ќе остане запаметен по историскиот гол во Палермо, со кој Македонија ја елиминираше Италија од настап на Мундијалот во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА