Пулишиќ: Сонувам за гол на дербито со Интер

Репрезентативната пауза заврши, фудбалерите се вратија во клубовите и се насочија кон новите предизвици што ќе претстојат во наредниот период. Најинтересен натпревар викендов дефинитивно ќе биде големото градско дерби меѓу Милан и Интер, меч на два тима кои имаат максимален ефект од стартот на сезонава.

Интер има четири победи во низа над градскиот ривал, Милан на овие четири натпревари не успеа да постигне ниту еден погодок, но „росонерите“ играат одлично на стартот на сезонава што им дава причина за оптимизам пред наредниот дуел. Еден од главните виновници за тоа е Кристијан Пулишиќ, американскиот ас кој пристигна од Челси и веднаш се наметна како незаменлив дел од тимот на Стефано Пиоли.

Пулишиќ постигна два гола на првите три средби за „росонерите3 и сега максимално мотивиран го очеува мечот со Интер.

„Се чувствувам прекрасно во Милан, за мене тоа беше љубов на прв поглед, поддршката што ја имаме од фановите на „Сан Сиро“ е импресивна. Сега на ред е Интер, силен тим против кој е тешко да се игра бидејќи добро се бранат, но и се многу опасни во нападот. Сонувам за гол на градското дерби, да го кренам цел стадион на нозе. Едвај го чекам тој натпревар, а потоа и стартот на Лигата на Шампионите“, изјави Пулишиќ.

Се вчитува...