„Роналдо е ограбен за една Златна топка, онаа што ја освои Модриќ“

Рио Фердинанд отворено го критикуваше изборот на Лука Модриќ за најдобар светски фудбалер во 2018 година, откако англискиот дефанзивец изјави дека „Кристијано Роналдо бил ограбен што не ја добил Златната топка“ таа година.

Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед беше прашан за вечната дилема „Меси или Роналдо“, при што стана збор и за соодносот на освоени Златни топки на двајцата фудбалски великани.

„Меси има седум, а Кристијано пет. Сепак, Роналдо требаше да има најмалку шест, украдена му е онаа година кога заврши во рацете на Лука Модриќ“, прокоментира Рио Фердинанд.

Хрватскиот ас во 2018 година ја прекина серијата од десет години во која Роналдо и Меси ги добиваа „Златните топки“. Модриќ беше дел од шампионската генерација на Реал Мадрид заедно со Роналдо, но исто така блескаше и на СП во Русија, каде со Хрватска стигна до големото финале.

Тој ја освои Златната топка со 753 освоени гласови, пред Роналдо со 478 гласови и покрај 44-те постигнати погодоци на Кристијано таа сезона.

Се вчитува...