Пол Погба е завршена приказна за Јувентус, францускиот ас дефинитивно ќе добие долга суспензија за позитивниот допинг-тест, по што ќе следи и раскин на договорот со „старата дама“.
Директорот Џунтоли веќе ја стартуваше и потрагата по нов играч заврска кој ќе го наследи Погба, а изборот паднал врз фудбалерот на Арсенал, Томас Парти. Репрезентативецот на Гана и летово беше поврзуван со Јувентус, трансферот не се реализираше поради финансиските проблеми на Јуве, но заминувањето на Погба ќе остави доволно простор во буџетот за плати за Парти да може без никаква пречка да пристигне во редовите на најтрофејниот италијански клуб.
Понудата на Јувентус ќе се однесува на шестмесечна позајмица, нешто што Арсенал е подготвен да го дозволи за отштета од околу пет милиони евра, но и клаузула за задолжителен откуп во текот на летото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

